Фудбалерот кој објави дека е геј доби пречек од фановите на клубот каде што игра (ВИДЕО)

Чехот Јакуб Јанкто кон средината на февруари јавно откри дека е хомосексуалец. Ако тогаш посакувал да живее во целосна слобода, сега веројатно е пресреќен поради одлуката што ја донел.

Имено, фудбалерот на Хетафе кој настапува како позајмен во Спарта Прага, доби одличен пречек од навивачите на чешкиот клуб. Јанкто за прв пат откако јавно ја призна својата сексуалност доби шанса да настапи на натпреварот од чешкиот шампионат меѓу Спарта и Јаблонец, а приемот од најверните фанови на прашкиот клуб не можеше да биде подобар.

Кога влезе на теренот како замена во 70. минута, првично доби овации од целиот стадион, а потоа домашните навивачи го поздравија скандирајќи го неговото име.

 

Се вчитува...