Фудбалерот кој призна дека е хомесескуалец одби да направи тест за дрога

Играчот за врска на чешката фудбалска репрезентација и Спарта Прага Јакуб Јанкто повторно ги полни насловите на чешките медиуми. Два месеци откако призна дека е хомосексуалец, велејќи дека сака да го живее својот живот „слободно“, Јанкто се нашол во неволја со законот откако возел без возачка дозвола која претходно му била одземена, а потоа одбил тест за дрога и лекарски преглед.

Како што пишуваат чешките медиуми, Јанкто бил запрен од полициска патрола нешто после пладне во близина на стадионот „Страхо“в во Прага. Иако Јанкто не бил под дејство на алкохол, одбил тест за дрога и последователен лекарски преглед.

Чешкиот играч за врска немал ниту возачка дозвола, која наводно претходно му била одземена. Медиумите јавуваат дека за ова кривично дело на сторителот му се заканува затворска казна до две години.

Клубот објави дека Јанкт е отстранет од тимот.

„По меѓусебен договор, одлучено е Јанкто да не учествува на заеднички тренинзи и да се занимава со својата лична ситуација. Од почит кон играчот, клубот нема да дава повеќе информации. Бараме јавноста и медиумите да не се мешаат во личниот живот на Јакуб Јанкто“, велат од чешкиот клуб.

Се вчитува...