Наследникот на Игор Тудор во Олимпик Марсеј би можел да биде легендарниот италијански фудбалер Фабио Гросо. Гросо, кој се прослави за италијанската репрезентација на Мундијалот во 2006 година кога неговата селекција го освои златото, би можел да седне на испразнетата клупа на тимот од Марсеј.
Гросо во моментов го води тимот на Фросиноне, а во минатото бешѓе дел од Сион, Бреша, Верона и Бари. Исто така тој има искуство со играње во Франција, откако од 2007 до 2009 настапуваше за Лион.
Тудор пред крајот на минатата сезона соопшти дека заминува од кормилото на Марсеј, и веројатно ќе го презеде Јувентус, откако Алегри ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА