Виктор Бонифејс за кој во зимскиот преоден рок имаше понуди и од 70 милиони евра го направи најизненадувачкиот трансфер ова лето и премина од Баер Леверкузен во Вердер Бремен.
Станува збор за едносезонска позајмица која доаѓа поради незадоволство на голгетерот со „фармацевтите“ кои имаат потполно променет состав од оној кој доминираше во Европа во сезоната 2023/24.
Бонифејс ова лето се поврзувфаше и со трансфер во Милан, но преговорите пропаднаа поради сомнежи на италијанскиот клуб за недоволна подготвеност поради повредите во минатото и покрај тоа што успешно ги мина лекарските прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

