Фудбалерот на Јувентус призна дека се обложувал, му се заканува долга суспензија

Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли призна вина пред државниот обвинител Мануел Педрота за обложување на фудбалски натпревари, пренесуваат италијанските медиуми.

Дваесетидвегодишниот Италијанец за тоа може да добие тригодишна суспензија за настап на фудбалските терени, а и парична казна во износ од 25 илјади евра, но оглед на тоа што го потврди прекршокот голема е веројатноста дека ќе добие помала казна. Притоа Фаволи има и предизвик да докаже дека се обложувал за натпревари на кои самиот тој не настапил.

Според законот во Италија, обложувањето не е кривично дело, но забрането е обложувањата да се вршат во обложувалници надвор од италијанските закони, а што е најлошо, строго е забрането да ги прават професионални фудбалер, учесници во натпреварувањата достапни за кладење.

Се вчитува...