Фудбалерот на Ливерпул станува сопственик на француски клуб

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд изразил желба да купи француски клуб. Според најавите на „Л’Екип“, ѕвездата на „црвените“ сака да го купи фудбалскиот клуб Нант.

Наводно англискиот репрезентативец е подготвен да понуди 140 милиони евра за купување на клубот.

„Согласно на инвестициски фонд менаџиран од неговиот татко, Трент сака да биде сопственик на Нант“, стои во објавата на француските медиуми.

Не е познато зошто Трент го одбрал токму Нант, со оглед дека тој е роден во Ливерпул, цел живот настапува за овој клуб, а долги години е дел и од англиската репрезентација.

Се вчитува...