Фудбалерот на Локомотив го снимал последниот тренинг пред смртта (ВИДЕО)

Фудбалерот на руска Локомотив Москва Инокентиј Самохвалов починал во својот дом откако претходно одработил тренинг. 22-годишникот снимката од тренингот ја постави на социјалните мрежи, а набрзо потоа починал. Се работи за 22-годишен одбранбен фудбалер на Локомотив Москва, кој оваа сезона бил дел од тимот на Казанка, третолигаш кој е под патрон на рускиот прволигашки клуб.

Како што пренесуваат руските медиуми причината за смртта е срце удар. Инокентиј Самохвалов зад себе остави сопруга и син.

 

Се вчитува...