Фудбалерот на Лутон кој преживеа втор срцев удар: Срцето не ми чукаше, се соочив со смртта

Том Локер, фудбалерот на Лутон, минатата година преживеа втор срцев удар. Се сруши за време на натпреварот помеѓу Лутон и Бормут, а во неделата излезе на стадионот за да ја поздрави публиката за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Велшанецот, инаку капитен на тимот, тврди дека има среќа што е жив, но не исклучи и враќање на фудбалот.

„Имам неверојатна среќа што сум жив. Ги следам препораките од лекарите, но ако постои шанса да се вратам на фудбалот, тогаш би го сакал тоа. Но, нема да направам ништо што не е во согласност со препораките на лекарите. И натаму е прерано нешто да се прогнозира, морам да направам уште многу испитуања, но нема ништо да отпишам“, рече Локер.

Локер и порано имаше проблеми со срцето. Се сруши и претходно во бараж натпреварот за влез во Премиерлигата со Ковентри сити.

„Беше тоа нормален ден. Трчав кон половината на теренот и почна да ми се врти во глава. Се сеќавам како си велев: Ќе биде добро за неколку секунди“. На крајот не беше. Се разбудив, а докторите беа околу мене. Срцето не ми чукаше неколку минути, и тоа беше како да се соочив со смртта очи во очи. Дефибрилаторот ме врати назад во живот. Голема благодарност до лекарите кои ме спасија. Без нив не би бил тука“, раскажува Локер.

Се вчитува...