Пет дена откако тешко се повреди при поразот на Шефилд кај Фулам (3-1), се јави несреќниот Крис Башам. Дефанзивецот на Шефилд се обиде да ја дофати топката и да ја уфрли, а потоа ја скрши надворешната страна на ногата. Веднаш го однеле во болница каде што бил опериран, а сега го чека закрепнување.
Тој доби поддршка од од многу клубови и фудбалери кои му посакаа брзо закрепнување, а прашање е дали воопшто ќе може да се врати на терените со оглед на тежината на повредата. Башам има 36 години и можно е повеќе да не го видиме на терените.
„Две операции се зад мене и не можам доволно да им се заблагодарам на болничкиот персонал кој брзо ја заврши работата. Првата операција беше чистење на раната и бидејќи имав скршеница, потребна беше втора операција за прицврстување на лигаментите и поставување на плоча на коската. Се чувствувам многу подобро“, напиша Башам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

