Репрезентативецот на Гана кој воедно е и фудбалер на Црвена Звезда, Осман Букари на вчерашниот натпревар на Светското првенство против Португалија постигна гол во 89. минута, а истиот го прослави со карактеристичната прослава на Кристијано Роналдо.
Како Роналдо, Букари славеше токму против Роналдо, а со тоа го предизвика бесот кај навивачите кои овој потег го карактеризираа како знак на непочит па Ганецот мораше да се објасни за потегот…
„Приметив дека мојата прослава донесе лавина на коментари кои велат дека покажав непочит кон Роналдо. Тоа не е точно. Бев преплавен со емоции во моментот кога постигнав гол за својата татковина во деби настапот на Светското првенство. Тоа е причината за такво славје. Начинот на кој сум растен не ми дозволува да не ги почитувам постарите, а посебно еден од моите идоли“, напиша Букари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА