Фудбалерот што ја искасапи девојката и со неа ги хранеше кучињата, се враќа на терен?

Поранешниот голман на Фламенго кој во 2013 година беше осуден на 22 години затвор поради вмешаност во свирепото убиство на неговата девојка, повторно е на слобода и се враќа на фудбалскиот терен.

Бруно Фернадес де Соуса беше голман кој конкурираше за поширокиот состав на репрезентацијата на Бразил и играч што се поврзуваше и со трансфер во Барселона. Но, неговата фудбалска кариера остана во сенка на грозоморниот чин, а бразилскиот фудбалер заврши во затвор со обвинение за вмешаност во убиството на неговата девојка. Де Соуса беше во затвор од 2010 година кога исчена Елса Самундио. Според сведочењето на еден од роднините на фудбалерот, девојката била распарчена на делови, со кои потоа биле хранети кучињата на фудбалерот.

Во 2013 година, Де Соуса беше осуден на 22 години затвор, но во февруари годинава тој беше пуштен на слобода, а во бразилските медиуми набрзо потоа се појавија информации дека бразилскиот клуб Бангу го бара во својот состав. А неговиот менаџер вели дека Де Соуса по излегувањето од затворот има и други понуди да се врати на фудбалскиот терен.

Бруно и понатаму бара и други понуди. Десет клубови покажаа интерес. Во овој момент не можеме сите да ги споменеме, но за десетина дена тој ќе има нов клуб и ќе се врати на терен“, изјави менаџерот Лусио Велосо Кутињо.

Но, наспроти тврдењата на менаџерот, од Бангу  демантираа дека испратиле понуда за фудбалерот убиец. Тврдењата на менаџерот ја изреволтираа јавноста во Бразил која се побуни против сите оние кои воопшто и размислуваат за потпишување на договор со осуден убиец.

Се вчитува...