Фудбалерот со пет титули во ЛШ ќе се бори за опстанок

Лукас Васкез на 34-годишна возраст стави крај на една ера и замина од редовите на Реал Мадрид како слободен играч по истекот на договорот.

И покрај тоа што имаше повеќе опции за продолжување на кариерата тој одлучи да остане во Шпанија и прифати интересен предизвик да се бори за опстанок со Еспањол, клубот за кој настапуваше во сезоната 2014/15 како позајмен играч. Според шпанските медиуми преговорите завршиле позитивно и наскоро се очекува да биде промовиран како нов дел од клубот.

Вакез беше дел од Реал Мадрид од 2007 година каде пристигна како 16-годишник. Ги помина младинските категории па и дебитираше за првиот тим во сезоната 2015/16. Оттогаш настапи на 402 натпревари и освои 23 трофеи од кои пет во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...