Кристијано Роналдо пред да постане еден од најдобрите фудбалери во историјата, за минутажа се бореше преку младите категории на Спортинг каде имаше и голема конкуренција во Фабио Паим, тогашниот голем талент за кој и самиот Роналдо призна дека е подобар фудбалер од него.
За жал Паим никогаш не го достигна својот потенцијал, во кариерата настапуваше за тимот од Португалија, Ангола, Катар, Малта, Литванија… Говорејќи за португалските медиуми тој се потсети на почетоците и откри интересни анегдоти поврзани со Кристијано Роналдо.
„Го запознав Роналдо кога имав осум години. Бев нов во Спортинг и заедно одевме на турнир во Мадеира. Навистина уживавме тие денови. Кога игравме за Спортинг живеевме во академијата, живееме на стадионот. Вечерите ги минувавме во Мекдоналс каде јадевме хамбургери кои никој не ги сакаше и не беа доволно добри за продажба. Секој вечер во правевме тоа. Знаеја го клубот, но не беше тоа како сега.
Роналдо е голем работник, многу посветен кон тоа да стане најдобар. Тој труд и го доведе до таму. Ни сам не можеше да знае дека ќе биде толку добар. Ех камо да бев јас посветен како него. Да вложев исто толку труд и да бев толку посветен ќе бев подобар од него. Бев подобар во техниката. Бев како млад Роналдињо. Но, како што може да видите не се гледа само талентот“, вели Паим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

