Реал Мадрид стигна до својата петнаесетта титула во Лигата на шампионите откако вечерва во големото финале на „Вембли“ славеше против Борусија Дортмунд во неверојатно интересен натпревар со 2-0.
Стартот на натпреварот го одбележа голем безбедносен пропуст откако на „Вембли“ беа потребни само 20 секунди за еден навивач да влезе на теренот. Се играше 20 секунда кога еден расположен авантурист дојде до Џуд Белингем. Веднаш потоа влегоа уште тројца навивачи, а мечот беше во прекин дури две минути.
Во првите дваесет минути и двата тима беа внимателни, па мечот не ни донесе никакво поголемо возбудување. Првата вистинска шанса ја имаа „милионерите“ во 21. минута кога Адејеми излезе сам пред Тибо Куртоа, но едноставно младиот фудбалер се изгуби и не успеа ниту да шутне кон голот на Белгиецот.
[deleted by user]
by insoccer
Само минута подоцна Филкруг ја погоди стативата, но и доколку беше постигнат гол тој ќе беше поништен бидејќи германскиот напаѓач беше во офсајд. Mилионерите повторно имаа шанса во 28. минута и тоа повторно преку Карим Адејеми, но и овој удар го спречи Тибо Куртоа.
Нова шанса имаше Дортмунд во 41. минута по одличниот шут на Сабицер, но повторно Тибо Куртоа беше на висина на задачата и ги задржа почетние 0-0. Првата шанса во второто полувреме ја имаа мадриѓани, откако Тони Крос одлично биеше од слободен удар, но интервенираше Кобел.
Следуваше корнер по кој Карвахал за нијанса беше непрецизен. Карвахал имаше нова полушанса во 57. минута, но повторно успеаја да се одбранат Германците. Првата шанса во вториот дел Борусија Дортмунд ја имаше во 63. минута кога Филкруг одлично биеше, но повторно на висина на задачата беше Тибо Куртоа кој повторно го спаси својот тим.
Повторно корнер и тоа многу наивно направен од Дортмунд, беше доволен за Крос со „теледиригирана топка“ да го пронајде Карвахал кој стрелаше за 1-0 во 74. минута.
[deleted by user]
by insoccer
Сите дилеми околу победникот ги разреши Винициус Жуниор во 83. минута кога ги постави конечните 2-0.
VINICIUS GOAL IN ANOTHER UCL FINAL
HAND HIM THE BALLON DOR RIGHT NOW pic.twitter.com/EWxCOkasQS
— Janty (@CFC_Janty) June 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

