Фудбалот е интересна игра во која на крајот секогаш победува МАКЕДОНИЈА… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Онаа добро препознатливата мисла на англискиот репрезентативец Гари Линекер – „Фудбалот е интересна игра во која сите знаат да играат, но на крајот секогаш победува Германија“, од вечерва добива една поинаква димензија. Барем за нас.

Македонскиот херои запишаа историјата во Дуисбург и покрај тоа што пред себе го имаа повеќекратниот светски и европски шампион. И покрај тоа што против себе го имаа и рускиот судија, на крајот благодарение на двајцата дијаманти во тимот, капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас, а дополнети од Барди, Адеми, Алиоски, Николов, Димитриевски, Велковски, Муслиу, Трајковски, Спировски, Бејтулаи, Стојановски… уште еднаш запишаа историја која секогаш ќе се памети.

Па, од вечерва: ФУДБАЛОТ Е ИНТЕРЕСНА ИГРА ВО КОЈА НА КРАЈОТ СЕКОГАШ ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА!

 

Се вчитува...