Фудбалската репрезентација на Македонија во петокот загуби на гостувањето кај Италија со 5-2 во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Сепак, и на овој меч фудбалот покажа уште еднаш дека е повеќе од игра. Македонија на „Олимпико“ ја бодреа околу 1.000 фанови, а еден од нив му ја разубави вечерта на едно италијанско детенце.
Имено, тој со својот татко помина на трибината кај што беа нашите навивачи, кои поради безбедност беа разделени од остатокот од стадионот. Македонскиот фан си размени шалови со детенцето, кое беше пресреќно што доби предмет со македонските бои.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА