Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ денеска се врати на фудбалските терени по пауза од седум месеци, откако во април доживеа сериозна повреда на лиганентите на коленото. Иако неговото враќање се планираше пред Нова година, Ибракадабра уште еднаш докажа дека е фудбалски терминатор, иако влезе во 36 година од животот.
Жозе Мурињо му даде шанса на Златан Ибрахимовиќ да ги одигра последните петнаесетина минути од денешниот дуел против Њукасл на „Олд трафорд“, а тој доби громогласен аплауз од фановите. Швеѓанецот влезе во игра на местото на Антони Марсијал, кој беше стрелец на првиот гол за „црвените ѓаволи“ на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА