Фудбалот е веќе „роб“ на ВАР системот: Ливерпул елиминиран од ФА купот, судијата трипати го прашуваше „видео судијата“

Ливерпул е елиминиран во четвртата рунда натпревари од ФА Купот откако на домашен терен загуби од ВБА со 2-3 (1-3).

Во крајно интересен натпревар „црвените“ загубија по трите погодоци на ВБА во првото полувреме. Ливерпул прв дојде до водство со голот на Фирмино уште во 5. минута, за да потоа Родригез со два гола во 7. и 11. минута носи пресврт.

Тимот на Јирген Клоп во 27. минута не реализираше и удар од белата точка. Фирмино го промаши пеналот, за да потоа гостите во втората минута од судиското продолжение на првиот дел со автоголот на Матип дојдат до водство и од 1-3.



Но, она што вистинско е интересно за првото полувреме е „окупацијата“ која фудбалот ја доживува од ВАР системот веќе на секој натпревар. Главниот судија на мечот дури во три наврати се “консултираше“ со „видео судијата“ за три спорни ситуации и при вториот погодок на ВБА, и за пеналот на Ливерпул и за автоголот на Матип… Сето тоа, донесе само дополнителна нервозна и меѓу актерите на теренот и меѓу навивачите на трибините.



Во вториот дел, Ливерпул единствено што успеа е да го ублажи поразот на 2-3 преку Салах во 78. минута од средбата.

Се вчитува...