Страста за фудбалот ги обединува сите. И најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, и сите оние кои сакаат да уживаат во најважната споредна работа на светот. За младиот скопјанец Јане Велковски, фудбалот е речиси се во животот, и покрај тоа што е во количка, тоа не го спречува да живее за фудбалот и овој мегапопуларен спорт да му носи многу радости.
Приказната за Јане Велковски стигна до УЕФА, беше објавена на веб страницата на Европската фудбалска организација, а од духот на Јане се одушевија голем број фудбалски ѕвезди, меѓу кои и Португалецот Луиш Фиго, мегаѕвездата на Реал Мадрид и на Барселона.
What an incredible boy. I love his spirit and I love the message that football is for everyone. #EqualGame #Respect pic.twitter.com/wQBVpHLNr8
— Luís Figo (@LuisFigo) November 22, 2017
„Какво неверојатно момче. Ми се допаѓа неговиот дух и пораката дека фудбалот е за секого“, истакна Луиш Фиго.
Јане Велковски и официјално стана пријател со големата ѕвезда на светскиот фудбал, и преку Твитер денеска му одговори: „Благодарам, г-не Луиш Фиго“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА