Фудбалот го замени со кулинарство: Пензионираниот Агуеро се пофали дека е вистински скара-мајстор (ВИДЕО)

Серхио Агуеро минатата недела официјално ја заврши својата фудбалска кариера. Поради здравствени проблеми, аргентинскиот напаѓач на крајот беше принуден да се збогува од играњето фудбал, што разбирливо го прифати многу тешко.

Агуеро има проблеми со срцето, па доби совет од лекарите да се повлече од фудбалот на кој и се покорил, а минатата недела и официјално ова го откри на прес-конференција. Тој летово пристигна во Барселона и имаше двегодишен договор, а секако очекуваше да одигра уште многу натпревари за каталонскиот клуб, но судбината сакаше поинаку.

Откако и официјално го објави крајот на кариерата, тој реши да отпатува во Аргентина со својата девојка Софија, каде моментално е со семејството и очигледно ужива на одморот. Агуеро преку социјалните мрежи покажа дека ужива во друштвото на своето семејство, но и дека е мајстор кога е во прашање скарата.

 

 

Се вчитува...