„Фудбалот ќе стане најстерилната игра што постои… за неколку месеци нема да славиме голови“

Тренерот на Барнли, Скот Паркер упати остра критика за ВАР системот по поразот на неговиот Барнли од страна на Манчестер Јунајтед во 3. коло од Премиерлигата.

Барнли два пати успеваше да се врати од негатива против фаворизираните „црвени ѓаволи“, но неговиот тим загуби длабоко во судиското продолжение на второто полувреме откако беше досуден пенал за противникот. Реализацијата од белата точка на Бруно Фернандеш ги донесе првите три бода од еден натпревар за Манчестер Јунајтед во сезоната, но предизвика незадоволство кај англискиот стратег.

„Фудбалот ќе стане најстерилната игра што постои. Веројатно сме на неколку месеци или една година од тоа да не славиме голови. Стојам на аут-линијата, постигнуваш гол и чувствувам дека има милион работи што ти минуваат низ глава“, изјави Скот кој додаде и дека е задоволен од прикажаното на неговите избраници.

Се вчитува...