Фудбалот не се врати дома, но победи: Ојарзабал херој на Шпанија за рекордна четврта титула на ЕП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија стигна до рекордната четвртата титула на континенталните првенства откако во финалето на ЕП во Германија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин славеше над Англија со 2-1.

Шпанците и повеќе од заслужено стигнаа до трофејот бидејќи остварија максимални седум победи, но и оставија најдобар впечаток на теренот изминатите месец дена. Шпанија поведе со 1-0 со голот на Нико Вилијамс во 47. минута.

Англичаните успеаја да израмнат на 1-1 преку Кол Палмер во 73. минута. Кога сите очекуваа продолженија се појави Ојарзабал кој со својот погодок во 86. минута донесе победа од 2-1 и четврта титула за „црвената-фурија“.

Се вчитува...