Фудбалот пишува неповторливи приказни – Неодамна го победи ракот, а синоќа…

Миделзборо синоќа во 4. коло на ФА купот по изведување на пенали стигна до сензационална победа над Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“. По 120 минути натпреварот заврши 1-1, а посреќни по изведувањето на пеналите беа гостите.

Најсреќен синоќа дефинитивно беше фудбалерот на Миделзборо, Сол Бамба за кој животот приреди неверојатна приказна. Пред само пола година Бамба го победи ракот, а синоќа погоди пенал и му помогна на својот тим да пројде во следната фаза од натпреварувањето.

37-годишниот стопер кариерата ја почна во Б-тимот на ПСЖ, а потоа играше и во Шкотска, Турција, Италија, пред доаѓањето во Англија.

 

 

Се вчитува...