Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс во интервју за германската верзија на „GQ“ модниот магазинот за мажи, истакна дека би ги вратил сите заработени пари само за да се опорави од повредата и да излезе на фудбалските терени. Германецот моментално се опоравува од повреда на коленото која заработи во мај, поточно во финалето на германскиот куп против Ајнтрах Франкфурт, „милионерите“славеа со резултат од 2-1, но Ројс вели дека не можеше во целост да слави, знаејќи дека повредата повторно ќе го трне од терените подолго време.
„Ќе ги вратам сите пари што сум ги заработил досега, само за да бидам фит и веднаш заиграм фудбал. Финалето ми беше рај и пекол во исто време, многу ми беше тешко што не можев да го прославам освојувањето на мојот прв трофеј со Дортмунд на убав начин. Повредата многу тешко ја поднесов, дури плачев на полувремето бидејќи не можев да продолжам да играм“, истакна Ројс.
Ројс е еден од фудбалерите кои ги прати лоша среќа во текот на целата кариера, кога станува збор за повредите. Германскиот репрезентативец несомнено е меѓу најдобрите во германското првенство па можеби и Европа, но честите паузи поради повреди го спречија во потполност да се истакне.
Повреда го спречи да биде дел од репрезентацијата на Германија во 2014 година при освојување на Светското првенство, Ројс всушност ги има пропуштено сите репрезентативни настани од ЕП 2012.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА