Фудбалот се врати со целата своја убавина – Неверојатно прво полувреме во финалето во ЛЕ (ВИДЕО)

Фудбалот се врати со својата убавина. Неверојатно прво полувреме во финалето од Лигата на Европа во Келн ни приредија Интер и Севилја. Резултатот по 45. минути е 2-2. „Нероаѕурите“ поведоа со голот на Ромелу Лукаку во петтата минута од пенал со 1-0. Ова беше 34. гол за Лукаку сезонава со што го израмни рекордот на Роналдо за најмногу голови во првата сезона во дресот на Интер. Брзо следуваше одговор од Севилја, која преку одличниот Лук де Јонг (12. и 33. минута) успеа да направи пресврт и да стигне до предност од 2-1.

Сепак, тоа не беше се од Интер во првиот дел, бидејќи само три минути подоцна преку Диего Годин успеаја да израмнат на 2-2, резултат со кој се замина на полувреме.

 

 

Се вчитува...