Бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд го одложи мечот со Монако од Лигата на шампионите за утре, а фановите на „милионерите“ се вистински господа. Тие ги примија на гости во своите домови навивачите на Монако, со порака дека фудбалот треба да обединува.
Заедничка вечера облечени во дресовите на своите омилени клубови, а потоа и преноќиште за фановите на Монако во домовите на симпатизерите на Борусија Дортмунд. Фудбалот навистина знае да испрати и вистински животни пораки…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА