Фудбалот во шок: Клуб од другиот крај на светот го претстави Роналдо во својот дрес! (ФОТО)

Кога некој клуб ќе претстави фудбалер во својот дрес на официјалните профили на социјалните мрежи, тогаш многумина гледаат на се како завршена работа.

Токму ова му се случи на Кристијано Роналдо, најпопуларниот фудбалер на денешницата. Роналдо не минува низ добар период, можеби најлошиот во кариерата. Покрај тоа што беше принуден да не игра во Лигата на шампионите, тој го загуби и недопирливиот статус во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, па повеќе е резервен играч отколку стартер.

Сега веќе легендарниот Португалец успеа да постигне гол против Шериф во Лига Европа, но тоа е блага утеха за се што му се случува во последно време.

Откако неодамна по сопствена грешка беше исфрлен од тимот на неколку дена, се повеќе се шпекулира за заминување на Роналдо од „Олд Трафорд“, што изгледа многу сигурно веќе во јануари.

Еден клуб отиде дотаму што повеќекратниот добитник на „Златна топка“ го претстави како свој играч. Сето ова е објавено и на социјалните мрежи.

 

 

Имено, Аргентинос Јуниорс се надева на невозможен трансфер и доведување на Роналдо, па објавија дури и фотографија од Португалецот во дресот на овој клуб.

Клубот од Буенос Аирес во новата сезона ќе игра во Копа Либертародорес, па се надева на невозможното и доведување на легендарен играч кој во февруари ќе наполни 38 години.

 

 

Најефикасниот фудбалер на сите времиња со 818 постигнати голови има огромна плата и тоа е една од главните пречки зошто многу клубови се откажуваат од негово доведување.

Се вчитува...