Тажни вести доаѓаат од Србија. Познатиот тренер Милорад Косановиќ почина на 75-годишна возраст после кратко боледување. Тој почина на денот на својот роденден, 4. јануари 1951 година.
Играше за Борово, а потоа се сели во Шведска, во тимот на Малме. Како тренер почна во Војводина за која играше и како фудбалер, потоа беше тренер во Борац, двапати во Црвена Звезда, работеше и во Кина, па беше селектор на младата репрезентација на тогашна Југославија, седеше на клупата на Олимпија, на Нови Пазар, Радник Сурдулица, Напредак Крушевац, Раднички Ниш и Младост од Лучани.
Во Кина беше трипати првак со екипата на Далијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

