Фудбалот знае да биде суров, ВАР ја расипа фештата на Камарда на „Сан Сиро“

Франческо Камарда, младиот играч на Милан вечерва стана најмлад Италијанец дебитант за тимот во Лигата на шампионите со 16 години и 226 дена. Тој воедно е седмиот најмлад дебитант во Лигата на шампионите.

Сепак, дека фудбалот знае да биде суров се покажа и вечерва. Камарда постигна и гол за 4-1, меѓутоа беше поништен, и ја расипа фештата. Дури по прегледување на ВАР снимката, се покажа дека има офсајд.

Во спротивно, Камарда ќе беше најмладиот стрелец за Милан во Лигата на шампионите. Меѓутоа младиот напаѓач покажа дека пред него е блескава иднина.

 

Се вчитува...