Кесички полни со влажен никотин наречени „снуз“ – е новата „дрога“ која експресно се шири меѓу фудбалерите во Англија, но и светот. Дневниот британски информатор „Спортс мејл“ објави шокантни информации околу колкава е употребата на „снузот“ од страна на фудбалерите во текот на сезоната и за време на натпреварите.
Овие никотински кесички се сосема легален производ кои може да се купат на интернет за само осум фунти, но се забранети да се продаваат со закон во низ земјите – членки на Европската унија, освен во Шведска (во Шведска е измислен производот), уште од 1992 година. Причина за забраната е големиот ризик од канцерогени заболувања. Сепак, истите знаат да бидат големи стимуланти кај спортистите кои ги употребуваат, давајќи им повеќе сила и и цврстина додека се на теренот.
„Снузот“ секој ден станува се попопуларен кај младите фудбалери, но засега не се преземени конкретни мерки. Светската анти-допинг агенција моментално ја испитува содржината на продуктот со цел да одредат што ја предизвикува дополнителната сила. Анти-допинг агенцијата константно ги прегледува фудбалерите по завршување на мечевите, и ниту еден тест не алармирал дека супстанците од „снузот“ се меѓу забранетите продукти за користење, па така автоматски ги поминуваат истите тестови без никакви проблеми.
Фудбалската федерација во Англија е запознаена со случајот, но тие засега не преземаат мерки на своја глава. Планирано е да одржуваат предавања на клубови и управи преку кои фудбалерите и останатите вработени во клубовите се запознаат со опасноста и несаканите дејства на овој производ.
Неколку клубови од лигите од втора и трета дивизија во Англија одлучија да воведат ригорозни казни со цел да се намали употребата. Доколку некој од нивните фудбалери е фатен на дело со „снуз“, ќе мора да плати 10.000 фунти казна, или ќе му бидат одземени две неделни плати.
Напаѓачот на Лестер Џејми Варди, го користи овој вид на никотин секојдневно. Во неговата автобиографија која ја издаде во 2016 година, Варди истакна дека почнал да го користи „снузот“ откако пристигнал во редовите на Лестер, на сугестија на еден од соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА