Фудбалска Европа се буди: Кога и каде почнуваат првенствата…

Од ден на ден се повеќе се намалува бројот на жртви и заболени од коронавирусот, што овозможува да се ублажуваат рестрективните мерки и да почне враќањето во нормала и на спортскиот живот.  Голем дел од европските земји ги откажаа натпреварувањата во останатите спортови, но фудбалските сезони ќе се доиграат во поголемиот дел од „Стариот континент“.

Први со фудбалски активните ќе стартуваат на Фарските Острови, каде сезоната ќе продолжи од утре. Од Топ-5 лигите први стартуваат Германците, кои продолжението на сезоната го закажаа за 16 мај. Една седмица подоцна, за 23 март е закажано продолжението во Унгарија и во Чешка, а за 29 мај е предвидено продолжението во Полска и во Данска. На 30 мај ќе продолжат шампионатите во Србија и во Хрватска, како и во Израел и во Португалија, додека Црногорците првото коло по прекинот поради коронавирусот ќе го играат на 1 јуни.

За 5 јуни е закажано рестартувањето на сезоната во Бугарија, една седмица подоцна на терен се враќаат и турските прволигаши, додека Финците продолжението го закажаа за 1 јули.

Ова беа држави кои го официјализираа продолжението на сезоната, а меѓу оние кои дополнително ќе се изјаснат и кои водат разговори на оваа тема се и Шпанија, Италија, Норвешка, Словенија, Украина, Словачка… На оваа листа се наоѓа и Македонија, но раководството на ФФМ е во исчекување на ублажувањето на мерките и давање зелено светло од државните институции за клубовите да можат да почнат со тренинзи, по што ќе биде одреден и датумот на продолжение на Првата лига.

Се вчитува...