Скандал се случи на синоќешниот натпревар во Букурешт на натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово кој не го дочека својот крај откако, при резултат 0-0, во судиското продолжение, гостинските фудбалери се налутија и го напуштија теренот.
Во тензичен меч косовските репрезентативци се налутија поради скандирањата од трибините „Србија, Србија…“ и „Косово е Србија“, што, како што објаснија по мечот за нив е расизам и провокација поради што одлучиле предвреме да го напуштат теренот.
Со соопштение околу целата ситуација излегоа и од фудбалскиот сојуз на Косово, во кое велат дека поради расизам нивните фудбалери го напуштиле теренот.
„Фудбалскиот сојуз на Косово најостро ги осудува расистичките провокации и однесувањето во натпреварот помеѓу Романија и Косово во Букурешт во рамките од Лигата на Нации. Натпреварот беше прекинат поради континуирано расистичко и антикосовско скандирање од романските навивачи. Извиците како „Косово е Србија“ и „Србија, Србија“, свирежите во текот на интонирањето на химната, фрлањето предмети и провокациите беа присутни во текот на цеиот натпревар и таквата атмосфера не беше безбедна за нашите фудбалери“, стои меѓу другото во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА