Фудбалска фешта во Рим – Лацио по голема битка ја совлада Рома

Лацио и Рома одиграа фантастичен натпревар, неверојатни 90 минути од кои како победници со минимални 3-2 излегоа „лацијалите“. Двете екипи имаа бројни шанси за уште повеќе голови на овој неверојатен дуел на кој и „лацијалите“ и „волчицата“ покажаа дека поседуваат извонреден офанзивен потенцијал, но и дека имаат тпроблеми кога станува збор за играта во одбрана.

Лацио беше подобар противник на почетокот, Милинковиќ Савиќ го отвори резултатот со прецизен удар со глава во 10. минута, а осум минути подоцна Педро зголеми на 2-0 на асистенција на Имобиле. Избраниците на Мурињо се вратија, преполовувајќи ја негативатат пред крајот на полувремето со голот на Ибањез.

Вториот дел донесе нов поодок за Лацио, Андерсон погоди за 3-1 по несебичната аситенција на Имобиле, втора на ова дерби, но Рома повторно возврати, овојпат со голот од пенал на Верету. „Волчицата“ продолжи во ист ритам, но Реина со две феноменални интервенции спречи израмнување.

Нови голови можеше да има и на спротивната страна, но Имобиле не се снајде најдобро. Сепак, најважно за „сино-белите“ е што излегоа како победници од првото градско дерби, нанесувајќи го вториот овосезонски пораз на Рома.

Се вчитува...