Кошаркарската репрезентација на Македонија во овие моменти го игра вториот натпревар од претквалификациите за пласман на СП, против селекцијата на Естонија, а „ВИП арената“ при СЦ Борис Трајковски ниту од далеку не е исполнета до последно место. Сепак, кошаркарите имаат фудбалска поддршка. Објективот на ЕКИПА на трибините го „улови“ Благоја Милевски, селекторот на младата фудбалска репрезентација, во друштво на својот син, кој тренира токму кошарка.
Се разбира, тука се и најголем дел од кошаркарските „фаци“ кои редовно ги следат настапите на македонскиот национален тим.
По поразот на гости против Косово, македонските кошаркари немаат друг избор освен да бркаат победа на вечерашниот претквалификациски меч против Естонија во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА