Фудбалска религија: Најемотивните фотографии од Суперкласико

Кога играат Ривер Плата и Бока јуниорс планетата воздивнува, а Аргентина буквално паѓа во транс. Иако реванш мечот од финалето во Копа Либертадорес им го „одземаа“ и го преместија во Европа од безбедносни причини, фановите на двата клуба на посебен начин ги преживуваа моментите од дуелот.

Поведе Бока јуниорс и славеше тој дел од Буенос Аирес, но во второто полувреме работите се променија во корист на Ривер Плата. На крајот, по триумфот од 3-1, фановите на Ривер Плата паднаа во делириум. Ќе се слави уште долго овој голем трофеј од Копа Либертадорес.

 

 

Се вчитува...