Фудбалот одамна стана бизнис, а клубовите профитабилна компанија, па фудбалерите се работници кои се дел од оваа машина на пари. Пеп Гвардиола и неговите момци утре имаат можност да завршат одлична сезона освојувајќи уште еден голем трофеј. Во големото финале од Лигата на шампионите тие ќе се соочат со Челси.
Без оглед каков ќе биде епилогот од овој дуел, во Манчестер на големо се зборува дека Гвардиола ќе донесе засилувања што ќе го чинат клубот повеќе од 300 милиони евра. Граѓаните суверено стигнаа до титулата шампион во Премиер лигата оваа сезона, трета во последните четири години, но тоа не е доволно за сопствениците на Манчестер Сити, па се вели дека тие заштедиле нови вреќи со пари за нови засилувања.
Прва цел е долго посакуваниот Џек Грелиш, за кого клубот е подготвен да плати 100 милиони евра. Не е познато дали Пеп ќе понуди играч како дел од трансферот, но тоа е тешко, поради платите на играчите на „Граѓаните“. Тие подготвија специјална понуда и за Кејн. Се споменува бројка од 150 милиони евра плус Габриел Хесус, кој биде влогот што граѓаните се подготвени да го понудат на „петлите“. Не е тајна дека напаѓачот на Тотенхем сака да замине од клуб каде ќе биде тешко да се види и освои трофеј.
Третиот фудбалер што се споменува е одличниот португалски дефанзивец Нуно Мендеш. Левиот бек на новиот шампион на Португалија, тимот на Спортинг, чини околу 60 милиони евра, што значи дека сопствениците на „Граѓаните“ би платиле повеќе од 300 милиони евра за ова трио. Ваквиот расплет на настаните би бил апсолутен рекорд во еден трансфер преоден рок.
Финалниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Челси е закажан за утре во 21 часот на стадионот „Драгао“ во Порто, а по овој дуел, мислите на Пеп и челниците на Сити ќе бидат насочени кон новите засилувања за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА