Фудбалската федерација на Македонија во Пивара Скопје доби нов партнер како поддршка за настапот на македонската репрезентација на Европското првенство следниот месец.
Водечките лица на ФФМ и Пивара Скопје денеска преку хепенинг на просторот на комплексот „Куќа на фудбалот“ ја промовираа меѓусебната идна соработка од интерес на македонскиот фудбал.
„За нас е огромно задоволство што нашата репрезентација и Куќата на фудбалот добиваат нов партнер во името на Пивара Скопје. Среќни сме тоа што еден од нашите претпознатливи брендови, славното Скопско пиво, станува бренд и на нашата репрезенацијата. Ова партнерство претставува дефиниција за успех и идни нови победи. Убаво кога имате поддржувачи. Нашиот национален тим како никогаш досега има поддршка од сите страни, и тоа може само да не радува. Сега и Пивара Скопје е член на нашето фудбалско семејство, и сигурен сум дека не очекуваат многу заеднички идни успеси. Напред Македонија“ – истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на денешната промоција на новиот договор.
Задоволството од идната заедничка соработка не го криеше и генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ кој нагласи дека се среќни што ќе бидат партнери со фудбалската репрезентација.
„Сакам да и честитам на репрезентацијата пласман на Европското првенство. Ние долго време сме партнери на спортот. Среќни сме што од денеска и официлано сме партнери на фудбалската репрезенатција. Горди сме што ќе бидеме дел од оваа приказна и историскиот прв настап на репрезентација на Европско првенство. Знаеме дека фудбалерите ќе дадат се за успех на ЕП, затоа што како што вели и нашиот слоган, ‘Заедно, и се можно’. Верувам дека репрезентативците ќе ни донесат задоволство во овие незгодни времиња“ – истакна Сладиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА