Фудбалската федерација на Белгија се соочува со големи долгови – Едиствен спас е Мундијалот

Белгискиот новинар Саша Таволиери тврди дека Фудбалсата федерација на Белгија е во големи проблеми и долгови. Повикувајќи се на свои извори од самиот Фудбалски сојуз на Белгија, Саша Таволиери тврди дека финансиските проблеми се големи. Како што наведе, ФФ на Белгија должи дури осум милиони евра.

Таволиери тврди дека ветените плати и бонуси не им се исплаќаат на играчите, а дека е укината и репрезентацијата до 16 години, која досега беше најдобра во светот. Покрај тоа, како што стојат работите за играчите, приходите од Сојузот би можеле да зависат од статусот што го имаат во репрезентацијата.

Според овој новинар, Белгија сега ги полага сите свои надежи на претстојното Светско првенство. Доколку успеат да стигнат барем до четвртфиналето, би можеле да надоместат дел од долгот. Доколку успехот на Светското првенство не е таков што можеме да го сметаме за значаен, проблемите би се зголемиле.

Репрезентацијата на Белгија е деветта на ранг-листата на ФИФА. Таа се квалификуваше директно на Светското првенство како победник на групата во која беше и Македонија која двапати одигра реми против големиот фаворит.

Се вчитува...