Фудбалската федерација на Косово со тужба против Србија до УЕФА

Фудбалската федерација на Косово информираше дека официјално е испратена жалба до органите на УЕФА поради, како што се наведува „политичките, шовинистичките и расистичките пораки против Косово“ од страна на српските навивачи на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Србите на отварањето на Европското првенство силите си ги одмерија со Англија, а српските навивачи на трибините јавно ставија дознаење за нивното мислење околку ситуацијата во Косово.

Тоа наиде на жестока реакција на Фудблската федерација на Косово која побара казна за Србија и упати повик до организаторот на натпреварувањето во иднина да не дозволува транспаренти со навредливи пораки кон Косово.

Се вчитува...