Денеска во просториите на „Куќата на фудбалот”, Фудбалската федерација на Македонија согласно проектот на УЕФА за развој на женскиот младински фудбал во рамките на „Хет трик V” програмата, донираше спортска опрема на 21 клуб кои се натпреваруваат во женските фудбалски лиги.
Фудбалската федерација на Македонија подели опрема која се состои од комплет дресови и тренерки за фудбалерките и комплет опрема за тренерите од Прва и Втора ЖФЛ и младинските и кадетските женски лиги од организираниот систем на натпреварувања на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА