Фудбалската федерација на Црна Гора: Вечно насмеано сакано момче, член на храбрите соколи

Фудбалската федерација на Црна Гора се огласи по смртта на репрезентативецот Матија Шаркиќ.

Шаркиќ за репрезентацијата дебитираше во 2019 година против Белорусија. Фудбалската федерација на Црна Гора соопшти дека саканиот член на „храбрите соколи“ и секогаш насмеаното момче покажале колку му значел на тимот. Во соопштението посочија дека датумот и часот на погребот, како и комеморацијата ќе бидат објавени подоцна.

„Голманот на црногорската репрезентација Матија Шаркиќ ненадејно почина рано утринава на 26-годишна возраст. Омилениот член на „храбрите соколи“, вечно насмеано момче, за нашата А селекција настапи во девет натпревари, во кои покажа колку му значи на овој тим. Заедно со неговиот брат близнак Оливер ги помина сите јуниорски категории на црногорската репрезентација. Прераната смрт го прекина тоа и му нанесе голема болка на семејството Шаркиќ. Датумот и времето на погребот на Матија Шаркиќ, како и комеморацијата ќе бидат објавени подоцна. Фудбалскиот сојуз на Црна Гора изразува искрено сочувство до семејството Шаркиќ“, соопшти ФСЦГ.

Се вчитува...