Фабрицио Миколи, фудбалерот што некогаш ги бранеше боите на Јувентус, Фиорентина и Бенфика, а во својата кариера особено стекна култен статус играјќи за Палермо, е осуден на казна затвор од дури три и пол години затвор!
Миколи во вторникот е осуден на три години и шест месеци затвор. Според одлуката на судот, Миколи извршил присилна изнуда на пари со помош на шефицата на мафијата во Палермо, Маура Лоришел, која е осудена на седум години затвор.
Иако Фабрицио најави дека ќе се жали, „Газета дело Спорт“ наведува дека неговата затворска казна е неизбежна! Целата приказна започна пред речиси десет години кога Миколи со насилство се заканил и обидел да изнуди 12.000 евра од газда на ноќен клуб.
На крајот Миколи се извини за своето однесување тврдејќи дека не знаел дека неговата пријателка е мафијаш, но таа приказна не помина за време на неговото судење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА