Фудбалската легенда Влада Стошиќ во посета на ФФМ

Фудбалската легенда од Србија, Влада Стошиќ, која играше заедно со Илија Најдоски и Дарко Панчев во Црвена Звезда, беше во посета на ФФМ.

„Ни беше чест да ја угостиме фудбалската легенда Влада Стошиќ, еден од легендарните играчи од шампионската генерација на Црвена Ѕвезда од времето на нашите Најдоски и Панчев.

Со Влада размениме идеи за фудбалот во регионот.
Ваквите средби се потсетник дека фудбалот е многу повеќе од игра – тоа е традиција и инспирација!“, стои во објавата на ФФМ.

Се вчитува...