Паоло Николато е нов селектор на фудбалската репрезентација на Летонија, потврдија од фудбалската федерација на оваа земја.
Педесет и седумгодишниот Италијанец ја започна својата тренерска кариера во 1999 година, но оттогаш работи како младински тренер на Киево, го водеше Лемезан три сезони, а од 2016 година е тренер во помладите селекции на Италија, односно под -18, под 19, под 20 и под 21 година.
Иако имаше добра генерација, не успеа да постигне никаков успех со младата италијанска репрезентација и не му беше продолжен договорот на крајот од циклусот кој заврши во 2023 година.
Во стручниот штаб на Летонија ќе му се придружи поранешниот фудбалер на Интер и Аталанта, Масимо Паганин. Летонија е без селектор од ноември 2023 година, кога беше отпуштен Даинис Казакевичс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА