Нико Паз, младиот аргентински фудбалер го воодушеви светот на фудбалот со импресивните настапи за Комо. Тој се пресели во италијанското првенство и веднаш стана еден од најдобрите фудбалери во него, со рапиден скок на цената на трансфер маркетот.
Истата по преминот во Комо е порасната за 10 милиони евра и изнесува 65 милиони евра со што доби место во првите пет највредни фудбалери на Серија А.
Реал Мадрид има откупна клаузула во договорот со Комо која изнесува само 10 милиони евра следното лето, опција која ќе биде искористена.
Шпанците веќе започнале преговори со италијанскиот клуб за враќање на својот поранешен младинец кој се очекува во иднина да биде еден од клучните фудбалери на Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

