Проста математика – за да се стигне до 600 гола во кариерата потребно е еден играч дваесет години по ред да постигнува триесет погодоци годишно. Не е тешко да се пресмета, туку да се помисли колкав феномен треба да си за такво нешто. Тоа е скор недостижен за обичните фудбалски смртници, а како тогаш да се опише Кристијано Роналдо, кој денеска против Атлетико Мадрид го постигна својот 650. погодок во кариерата. И тоа на 33-годишна возраст.
Португалецот уште еднаш покажа дека со право е вбројуван меѓу фудбалските богови, откако денешниот волеј удар му донесе јубилеен гол за потсетување на неговата величина.
Бројките велат – 903 натпревари во кариерата, на нив 650 гола, 221 асистенција, 50 хет-трика, 52 гола од слободни удари. Притоа, освоени 27 трофеи, пет „Златни топки“, четири „Златни копачки“, три ФИФА награди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА