Фудбалски камп под капата на еден од најпрепознатливите регионални клубови, белградски Партизан ќе биде организиран во Скопје од 26. до 29. септември.
Кампот, кој ќе биде воден од истакнати тренерски имиња од академијата на ФК Партизан, ќе се одржи на терените на ФК Работнички во Градскиот парк во Скопје, со можност за пријавување на млади фудбалери на возраст од 8 до 14 години.
Пријавувањето и сите информации за кампот може да се добијат преку телефонскиот број: +38975842506 и на е-мејл: kamp2024@partizan.rs
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

