Фудбалски мајсторчиња од Македонија и Бугарија одиграа натпревар во чест на животот

Фудбалери од Македонија и Бугарија со даунов синдром и лесна попреченост денеска одиграа натпревар на спортскиот комплекс при гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

24 мајсторчиња од Македонија и Бугарија одиграа 20 минутен натпревар во кој се славеше фудбалот, животот и забавата. Покрај фудбалскиот натпревар на настанот имаше и зумба фитнес со инструктори од овие две земји.

По завршувањето на мечот актерите на теренот добија и медали и пехар за одлично прикажаната игра.

 

 

Се вчитува...