Фудбалски маратон од 4 часа, Челси во четвртфинале на Светското клупско првенство (ВИДЕО)


Фудбалерите на Челси се вторите патници во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако вечерва славеа против португалска Бенфика со 1:4 по продолженија.

Во 64. минута Рис Џејмс го постигна погодокот за водство, а Ди Марија израмни на 2 минути пред крајот од пенал, па се играа продолженија. Претходно мечот беше прекинат поради лошо време, а по враќањето беше досуден ударот од белата точка кој донесе продолженија.

Benfica 0 – [1] Chelsea – Reece James 64'
byu/ayoefico insoccer

Бенфика во првото продолжение  остана со играч помалку, а тоа го искористи Челси и во финишот со три гола преку Нкунку, Нето и Девсбури-Хал славеше со 1;4.

Таму, премиерлигашот за противник ќе го има Палмеирас кој во бразилското дерби исто така со 1-0, но по продолженија славеше над Ботафого.

Се вчитува...