Фудбалски натпревар во Индија се претвори во хорор филм: Се урна трибина полна со навивачи! (ВИДЕО)

Страотна сцена се случила вчера во Индија, откако на фудбалски натпревар се урна една трибина, а над 100 навивачи се повредени. Овој немил инцидент предизвика голем страв и паника кај присутните, кои за момент не беа ниту свесни што им се случило.

Во моментот кога се урна трибината, луѓето почна да паѓаат, а полицијата и Брзата помош реагираа брзо и ги извлекоа луѓето од под урнатините, а како што пренесуваат медиумите, за среќа нема жртви.

Околу 100 лица се повредени, од кои две се во критична состојба, а како причина за распаѓањето на трибината се смета слабата конструкција, која била изградена од дрво и други материјали.

Се вчитува...